(ВИДЕО) Два дрона завршија во деловниот комплекс „Москва Сити“ во Москва, повреден е чувар, жртви нема

by Fokus

Украински дронови ноќеска ја оштетија фасадата на две згради во комплексот „Москва Сити“. Агенцијата ТАСС наведува дека една кула е сериозно оштетена, искршени се прозорците од прв до четврти кат, а повреден е чувар и во една од нив.

На каналот Маш на Телеграм е објавено дека дрон паднал и на друга кула околу три часот утрово, пришто се оштетени неколку прозорци на петтиот и шестиот кат.

На снимките кои кружат низ социјалните мрежи може да се види силна експлозија по уривањето на дронот врз зградата по што се слушаат и минувачи кои врескаат во паника.

Уште две други летала се соборени во западниот дел на московската област, во реонот на Одинсово и Красногорск. Руското Министерство за одбрана наведува дека украинскиот обид за напад на објекти во Москва бил осуетен.

 

Поврзани новости