Дваесетгодишен скопјанец прегазил двајца сограѓани

by Fokus

Во текот на вчершаниот ден, 20 годишен скопјанец со својот автомобил прегазил 55-годишен жител на главниот град и еден малолетник.

„На ул.„Нов Живот“ во Скопје,  Ј.М.(20) од Скопје вчера утрото управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрило во М.М.(55) и малолетник од Скопје.

Во незгодата М.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

Поврзани новости