Алими: Срам ми е што сум дел од ова Собрание, апсете ме!

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, бурно реагираше на апсењето на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина.

Тој вчера беше уапсен врз основа на потерница на Интерпол издадена од соседна Србија.

„Мене ми е срам што сум дел од ова Собрание. Апсете ме слободно, еве го повикувам министерот Спасовски да го стори тоа. Да се избришат постапките на Милошевиќ, а вие премиере Заев треба да се засрамите“, истакна Алими.

Поврзани новости