Државен студентски дом: Проблемот со греењето и топлата вода е поради задоцнета интервенција на „БЕГ“

by fokus

Државниот студентски дом “Скопје”-Скопје ја информираше јавноста дека веќе интервенирал за итно решавање на проблемот со снабдувањето на топлинска енергија и топла вода во студентскиот дом „Стив Наумов“.

-Имено, проблемот е настанат како резултат на задоцнетата интевенција и поправка пред почетокот на грејната сезона на снабдувачот на топлинска енергија, фирмата „БЕГ“. По реакцијата компанијата вети дека итно ќе ги отстрани проблемите во најбрз рок. Од комапнијата информираа дека веќе работат и од каде уверуваат дека до најдоцна четврток ќе се реши проблемот. До тогаш, ги информираме студентите дека може слободно да користат дополнителни грејни тела на струја.Ја информираме јавноста дека покрај овие технички проблеми кои се одговорност на добавувачот, нема проблеми со снабдувањето на домовите, а наследените долгови заради кои во минатото се случуваа слични проблеми се минато. Владата ма РМ и неодамна обезбеди нови 79 милиони денари на Државниот студентски дом „Скопје”. Со овие средства целосно се покриваат долговите за режиски трошоци наталожени од претходното раководство. Наша заедничка заложба е да ги извлечеме студентските домови од тешката ситуација во која ги најдовме и да обебедиме подобри услови за нашите студенти, велат од Државниот студентски дом „Скопје“.

Поврзани новости