Палмер: Не ги блокирам Мицкоски и Иванов, едноставно немаше потреба за средби со нив

by fokus

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа што денеска нема да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и со претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, не значи дека Америка ги блокира.

-Кога доаѓате на вакви посети времето ви е ограничено и треба да направите план со кого ќе се сретнете. Мицкоски ни ги кажа неговите ставови преку писмото до Вес Мичел, така да немаше потреба да се сретнеме, рече Палмер.

Поврзани новости