Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро ќе ја признаат Палестина – тврди Борел

by Fokus

Шпанија, Малта, Ирска и Словенија наскоро официјално ќе ја признаат државата Палестина, што би можело да ги поттикне и другите земји од ЕУ да го сторат истото.

Ова денеска го изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност – Жозеп Борел.

Тој потврди дека добил гаранции од шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес дека Мадрид официјално ќе ја признае Палестина на 21 мај.

Борел рече дека Белгија сега нема да ја признае „независна Палестина“, но оти Брисел „не ја исклучува“ таа можност во иднина, пренесува шпанска РТВЕ.

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, вчера изјави дека словенечката влада ја почнала процедурата за „признавање на независна, суверена држава Палестина“.

Поврзани новости