Пандов: Мицкоски треба да ги отстрани реформаторите од партијата

by fokus

Александар Пандов во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека тој отсекогаш сметал дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да ги отстрани таканаречените реформатори, бидејќи и штетеле на партијата.

-Секаде политичките партии се премногу насочени кон лидерите. Секако дека кога Мицкоски дојде на чело на паријата имаше добри работи што наследи, но и лоши, лоши структури. На пример Петар Богојески има многу слични ставови со Заев, ама ставовите со Мицкоски не му се исти. Можам јас да не се согласувам со лидерот на партијата, но за национални прашања мора да се има единство. Јас уште од старт велев дека реформаторите треба да се исклучат. Не се исклучија и направија проблеми. Направија се за да направат забуна кај членството и кај народот. Ако сега Мицкоски не даде јасен став за партијата и не ги отстрани тие луѓе, ќе донесе негативни последици за партијата, рече Пандов.

Поврзани новости