Докторите во Бергамо прогласија победа над Ковид-19, по 137 дена без заразени пациенти

by fokus

По 137 дена на одделението за интензивна нега во болницата „Папата Јован“ во италијанскиот град Бергамо нема ниту еден пациент со корона вирусот, а овој град во Ломбардија броеше илјадници заразени и починати пациенти од Ковид-19.

Облечени само во нивните бели мантили, без скафандери и друга заштитна опрема, лекарите со голем аплауз влегле во болницата и ја соопштиле убавата вест, за веднаш потоа се едноминутен молк оддале почит за сите починати од корона вирусот.

– Денеска конечно ги гледаме нашите лекари и медицински сестри облечени во нивните вообичаени униформи. Победата дојде, изјави директорот на Ургентниот центар, Лука Лорини.

Интензивната нега во болницата „Папата Јован“ повеќе од 4 месеци се справуваше со оваа најтешките случаи на пациенти заболени од корона вирусот. Таму немаше празен болнички кревет, а во екот на епидемијата, во Бергамо болеста не успеаа да ја победат речиси 6.000 луѓе.

Поврзани новости