Доктор Жан Зимбаков и официјално стана нов директор на скопска Кардиологија

by Fokus

Доктор Жан Зимбаков и официјално е нов директор на скопската Клиника за кардиологија, откако од фунцијата пред неколку месеци се повлече доктор Беким Поцеста од Алијансата за Албанците.

Како што пред две недели објави „Фокус“, името на кардиологот Зимбаков најмногу се вртеше во лекарските кругови.

Инаку, кардиологот Зимбаков од пред неколку месеци раководи со второстепената комисија за лекување во странство, кој дојде на местото на ортопедот Анастасика Попоска, мајка на екс министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Поврзани новости