Скопјанец фатен како краде во Клинички центар, пред полицајците признал и друга кражба

by fokus

42- годишен скопјанец бил фатен од обезбедувањето на Клинички центар откако ограбил возило паркирано во кругот на комплексот клиники.

Според информации од полицијата, Х.С. најпрво го скршил стаклото од задната лева врата на паркирано возило “Алфа Ромео 159“ со кумановски регистерски таблици. Потоа одзел еден несесер темно сина боја и една женска чанта.

Непосредно по извршеното кривично дело лицето било забележано од страна на двајца вработени во обезбедувањето. Иако Х.С. почнал да бега,  службениците од обезбедувањето го стигнале и задржале до доаѓањето на полициските службеници.

Крадецот бил приведен во Полициска станица Центар, каде што е идентификуван.

Со него е извршен разговор при што дополнително е дојдено до сознание дека истиот извршил уште едно кривично дело во декември минатата година.

„Имено на 15.12.2017 година околу 13,00 часот на ул.“Самоилова“ на паркинг простор тој со погоден предмет го скршил задното десно стакло од патничко моторно возило “Пасат“ со тетовски регистерски таблици и одзел една ташна, по што го напуштил местото на настанот“, велат од МВР.

Поврзани новости