Димитров со вербална нота ја информираше Грција дека се донесени уставните измени

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со вербална нота ја информираше вчера грчката страна и официјално дека е исполнета обврската од Преспанскиот договор, односно дека се донесени уставните измени кои опфаќаат и промена на уставното име. По ова останува на грчкиот парламент да го ратификува Договорот.

„Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, му беше предадена Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) И 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации,за престанување на важноста на Привремената спогодба од1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Конечната спогодба) се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба и дека Собранието на Република Македонија на 11 јануари 2019 г. ја усвои Oдлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија“, велат од Министерството за надворешни работи.

Поврзани новости