Македонија против Исланд ќе оди на се или ништо

by fokus

Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз на Светското првенство, откако беше поразена од Шпанија во четвртото коло со 21:32 (12:13).

Македонија одигра одлично прво полувреме, во кое заминавме со негатива од само гол, но по само неколку минути во вториот дел го загубивме мечот. Шпанија за три минути на почетокот од второто полувреме направи серија од 5-0, поведе со 6+ и победникот беше решен. Селекторот Раул Гоналзес потоа ги извади најдобрите ракометари и шанса им даде на оние со помала минутажа.

Најефикасен во нашиот состав беше Пешевски со 6 голови, Кире Лазаров постигна пет, а Никола Митревски имаше дури 15 одбрани. Де Варгас на другата страна имаше 16 одбрани, a Гомез беше најефикасен кај победниците со 6 гола.

Македонските ракометари утре во 18 часот го играат решавачкиот натпревар за пласман во втората рунда против Исланд за третото место во групата.

Поврзани новости