АА на Села за бегството на Војминовски: Се покажа дека затворите се изградени само за Aлбанците

by fokus

Од партијата на Зијадин Села, Алијанса на Албанците, реагираат на бегството на Никола Војминовски, осуден на 13 години затворска казна за обид за убиство врз пратеникот за време на настаните од 27 април. Од таму тврдат дека бегството на Војминовски е помогнато и координирано од страна на власта.

„Неодамнешното бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април, покажува дека затворите се изградени само за Aлбанците, и осудените Mакедонци или треба да избегаат или да се амнестираат, бидејќи таква била постојаната традиција на правосудниот систем во Македонија, секогаш  со два стандарда, еден за Македонците и друг за Албанците“, велат од Алијанса за Албанците.

Од таму упатуваат овик до Владата, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството, да ја вршат својата работа, како што велат, во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, и дека во спротивно ќе се сметаат за соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност.

„Дека Македонија станува земја на чуда и дека тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, осуден на 13 години затвор за убиство во обид, Никола Војминовски, кој иако осуден за тешко кривично дело му се дозволи да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, каде што државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните!     

Овие бегства, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија, дека некогаш ќе може да се врати правдата, и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрува, па дури и се наградува.

Празните оправдувања на државните челници кои често се обидуваат да ја префрлат одговорноста еднаш во судовите другпат кај Обвинителството или Министерството за внатрешни работи, станале секојдневен рефрен на СДСМ-ДУИ,  и се неоправдливи за граѓаните и за АА.

Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид, не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната“, соопштуваат од партијата.

Поврзани новости