Димитров до Дачиќ: Да не заборавиме дека растеме и паѓаме заедно

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска за изјавата на Ивица Дачиќ дадена во Атина дека Србија погрешила што ја признала Македонија под уставното име, напиша дека му е жал, но и порача да не заборавиме дека растеме и паѓаме заедно.

-Жалам за денешната изјава на министерот Дачиќ. Со Србија заедно бевме во една федерална држава, како Република Македонија и Република Србија и споделуваме толку многу нешта. Убеден сум дека двата пријателски народа преферираат да имаме односи базирани на заемна почит, разбирање и европски дух. Да не заборавиме, во регионот растеме и паѓаме заедно, напиша министерот Димитров не неговиот фејсбук профил.

Поврзани новости