Димитриевски обвинува дека кандидат за советник од СДСМ нападнал негова советничка

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска остро ги демантираше информациите дека неговиот кандидат за советник Реџеп Реџеповски нападнал кандидати за советници од СДСМ.

„Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за учи. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз Ромите“, рече вчера советникот на СДСМ и коалицијата Самет Салиевски кој тврдеше дека била нападнат од Реџеповски.

Исто така Димитриевски обвини дека кандидат за советник од СДСМ нападнал негова советничка, за случајот бил пријавен во МВР.

„Остро ги осудувам случаите во изминатите два дена каде двајца наши кандидати за советници се нападнати од кандидати за советници од редовите на СДСМ, вели кандидатот за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски.

Завчера, физички беше нападнат нашиот кандидат за советник Реџеп Реџеповски од кандидатот за советник на СДСМ Самет Салиевски. Овој случај беше злоупотребен од нивна страна и дезинформираа дека наводно Реџеповски го нападнал Салиевски.

Вчера, повторно насилно однесување врз жена кандидат за советник од нашата граѓанска иницијатива. Во МВР пријавивме дека на кандидатот за советник Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од раце од страна на Момир Петрушевски кандидат за советник на СДСМ и истиот е демонстративно уништен.

До кога ќе се служите со недолично однесување? Граѓаните ја испратија пораката на 17-ти октомври кого поддржуваат, а во недела, на 31-ви октомври повторно ќе ги казнат оние кои сакаат да дојдат на власт со злоупотреби, притисоци, насилства и лажни обвинувања“, додаде првиот човек на Куманово.

Поврзани новости