Џонсон им се заблагодари на медицинските лица

by Fokus

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, излезе со изјава откако пред неколку дена беше хоспитализиран поради влошување на неговата здравствена состојба поради корона вирусот.

„Не можам да им се заблагодарам доволно на медицинските лица. Им го должам животот“, рече кратко тој.

Бројката на починати во Велика Британија надмина 10 илјади лица, а 917 луѓе починаа во изминатите 24 часа.

Поврзани новости