Девет години има најмладиот Ковид-19 позитивен пациент од Кавадарци

by fokus

Во Кавадарци денес, до овој момент се регистрирани десет нови случаи на корона вирус, а се очекуваат резултати за повеќе лица на кои им е земен брис. Истите се на возраст од девет до 69 години, и се со лесна клиничка слика, на домашно лекување.

Од Центар за јавно здравје Кавадарци велат дека повеќето случаи се од познат кластер, односно инфицирани се повеќе членови на едно семејство, помеѓу кои и досега најмладиот пациент во општината.
Се работело на утврдување на нивните контакти.

Од Неготино пак, позитивен е маж на возраст од 69 години, кој веќе бил хоспитализиран во Струга.

Вики Клинчарова

Поврзани новости