Децата со посебни потреби по четври пат ќе кампуваат пред Собрание

by fokus

Децата со посебни потреби и нивните родители денеска по четври пат поставија камп во паркот Жена борец наспроти Собранието. Тие уште еднаш ќе побараат нивните проблеми да бидат слушнати и решени со соодветни законски решенија.

Од иницијативата велат дека е предвидена викенд агенда со работилници и консултации за законските акти за подобрување на правата на лицата со посебни потреби.

-Сите заедно ќе покажеме дека сме свесни и зрели да ги прифатиме овие лица како еднакви и рамноправни, и сме спремни сите заедно да се заложиме за остварување на нивните права, стои во повикот за поддршка испратен до јавноста и одговорните во Собранието и новата Влада.

Поврзани новости