Норвешка со 700.000 долари ќе ја обнови изгорената градинка во Шутка

by fokus

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, постојаниот претставник за развој на Обединети нации Луиза Винтон и амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санс Бјорнштат денеска го потпишаа Проектниот документ за обнова на градинка „8 Април” во Општина Шуто Оризари.

Финансиските средства за клучните инфраструктурни интервенции во висина од 700.000 долари се целосно обезбедни од Министеството за надворешни работи на Норвешка. Проектот ќе биде реализиран за 18 месеци од Програмата за развој на ОН (УНДП) присутна во земјата.

-Благодарение на Кралството Норвешка и УНДП децата од Шуто Оризари ќе имаат можност да го продолжат своето предучилишно образование во модерна, и обновена зграда со зголемен капацитет за згрижување на деца од 9 месеци до 5 години. Ние како Влада се обврзавме да ја поддржиме иницијативата и целиот процес бидејќи сме свесни дека инклузијата на децата започнува од најмала возраст – изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Поврзани новости