Дете на возраст од девет години од Росоман е позитивно на Ковид-19

by fokus

Најмладиот пациент позитивен на корона вирус во Росоман е регистриран денес, а станува збор за девет-годишно дете.

Од Центар за јавно здравје Кавадарци информираат и за уште еден нов случај во Росоман, на возраст од 44 години.

-Новорегистрираните позитивни лица биле во контакт со веќе позитивен пациент. Со блага клиничка слика се, на домашно лекување. Во Росоман ова е најмладиот пациент до сега, но во Кавадарци имавме и случај кога се инфицираше шест-годишно дете – велат од центарот.

Пред неколку дена во Росоман беа регистирани татко (41) и син (16), позитивни на Ковид-19, кои не знаеле од каде се заразиле.

Во Росоман од почетокот на пандемијата се регистрирани шест случаи, кои во здравствениот билтен се водат под Општина Кавадарци.

Вики Клинчарова

Поврзани новости