Детално метео: Продолжува стабилното и многу топло време

by Frosina Fakova

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури и понатаму ќе бележат тенденција на пораст, особено топло ќе биде на самиот крај од овој викенд, како и на самиопт почеток од следната недела, односно во недела и во понеделник. Тогаш максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38, 39 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура понатаму се очекува да се искачи до околу 35, 36 степени.

Пад на температурите на воздухот за неколку степени ќе има од вторник кога ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност во попладневните часови.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости