До крајот на денов во нашата држава ќе се задржи сончево и релативно топло време за овој дел од годината со умерена локална облачност. Локално особено попладнето и вечерта има услови и за позначителна облачност. Во текот на претпладнево по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Веќе од утре над нашата држава ќе има повеќе облачност и ќе има повремени врнежи од дожд, на планините а потоа и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Снежната граница има услови да се спушти до околу или нешто под 1000 м.н.в. Локално овој бран на врнежи ќе услови позначително количество на воден талог.
Ќе започне да дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ова ќе услови температурите на воздухот повторно да опаѓаат и истите веќе околу средината на неделава ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 10 степени, на повисоките и планинските места истите ќе бидат уште пониски.
Подготви: Славчо Попоски