Детално метео: Конечно после долг период, доаѓа КРАЈ на сушата во Македонија

by Фокус
Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, особено попладне. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Во доцните попладневни и вечерните часови од запад ќе започнат врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.
Од утре па натаму ќе бидеме под влијание на моќен циклонски систем кој ќе условува чести врнежи од дожд кој на многу места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, проследени со грмежи и засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 35 л/м2) со што после долгиот сушен период, конечно доаѓа крај на сушата во Македонија. Температурите на воздухот ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и од утре ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости