Детали за времето за следните денови

by fokus
Денеска времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа утре ќе има појава на умерена облачност додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, во четврток и во петок ќе има локална нестабилност, особено во попладневните часови проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, максималните дневни температури ќе бидат за неколку степени пониски во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Отсега гледано, услови за локална нестабилност во попладневните часови ќе има и за време на викендот.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости