Детално метео: До среда стабилно и суво – услови за локална нестабилност во четврток и во петок, детали

by fokus

И во текот на следните неколку денови, односно до среда ќе продолжи стабилното, суво и сончево време, повремено со умерена локална облачност. Денес и утре ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, кој повремено ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Во четврток и петок ќе има повеќе облачност а ќе има услови и за локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во Скопје и околината до среда времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер, кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен. Во четврток и во петок ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за појава на грмежи.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости