Детално метео за понатаму: Услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи утре и во петок – пад на температурите за викеднот

by Фокус
Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец. Македималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.\
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа повеќе облачност ќе има утре и во петок кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено утре попладне и во петок. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.
Во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот за време на викендот ќе услови пад на температурите на воздухот. Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени. Во Беровскиот регион минималната температура на воздухот се очекува да се спушти до околу 4 степени.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости