Детално метео: До вторник променливо со локални врнежи и можноста за нестабилност, постабилно од среда

by Fokus

Денес и утре времето во нашата држава ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината, ќе се задржи променливо облачно време со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, максималната дневна температура ќесе искачи до околу 25 степени. Постабилно и релативно суво време ќе имаме од среда, иако локално не се исклучува можноста за сосема ретка појава на слаб дожд.

Исто така, во среда, особено Долж Повардарието и на истокот ветерот ќе го промени правецот во северозападен, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Поврзани новости