Во наредните денови ќе биде познато дали за првомајските празници полицискиот час ќе биде продолжен, односно дали ограничувањата на движење ќе стапат уште во петокот, а не како сега во сабота, во 15 часот.
-Владата и медицинските власти во следниве неколку дена ќе го следат придржувањето на граѓаните во однос на мерките за социјална дистанца и обврската за носење на заштитна опрема, после што ќе се донесе одлука дали за престојните првомајски празници полицискиот час ќе биде продолжен и ограничувањето на движење ќе биде во сила и во петок, рече министерот Венко Филипче, на денешната прес конференција.
Како што рече министерот за здравство, Венко Филипче, во изминатиов период дел од граѓаните не ги почитувале доволно препорачаните мерки за здравствена заштита.