Денеска не очекуваат пролетни температури

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, објавува УХМР. Температурата наутро ќе се движи од минус 3 до 4 степени, а дневната ќе се искачи до 21 степен, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе се движи од 1 до 19 степени.

Поврзани новости