(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Оливер СПАСОВСКИ намалувач на криминалот
Само што објавив дека е намален криминалот за 31,55% во Чаир пукаа,
криминалците без срам и перде врз моите успеси фатија и се исплукаа!
Барем со бомбите по школите се снајдовме, од сега наставата ќе си оди,
бомбите се лажни, од Иран и Русија хибридна војна против нас се води!

 

Данела АРСОВСКА регулатор на сообраќајот
Па, конечно се договорив со приватните превозници, долгот ќе се плати
нема смисла за некои си милион и пол евра цел град со месеци да пати!
Советот на Скопје не дозволи кучиња во автобуси да се возат, без врска,
па останаа да лаат по мене само вмровците, шпицниот рекетар ги с’ска!

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ под полна пареа
Ако Талат на УКИМ го прогласија за визионер, јас треба да сум легенда,
како ја водам државава, чиниш сум ренде кое сите проблеми ги ренда:
замрзнувам цени, се гордеам со жени, Уставот го спремам да се смени,
бирам коалициони партнери ко од мени, а и народот сѐ тоа ќе го цени!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев, Фатмир Бесими и Сања Лукаревска е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

 

Поврзани новости