Наставата нема веднаш да се прекинува во случај на дојава за бомба?

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во денешното гостување на ТВ 24 рече дека според новото упатство за постапување во случај на дојави за бомби, полицијата ќе биде присутна во близина на училиштата, а наставата ќе се одвива непречено.

-Наставата ќе се одвива непрекинато, а постапувањата ќе бидат според фактичката состојба. Најважна е безбедноста и спокојството на граѓаните. МВР ќе го цени ризикот од дојавата, но во секој случај ќе постапи според заканата, појаснува Спасовски.

Спасовски вели дека работата не е излезена од контрола туку такви дојави има насекаде во светот по кои полицијата постапува.

Поврзани новости