Спасовски: Дојавите за бомби доаѓаат од адреси во Русија и Иран

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во утринското гостување на ТВ 24 откри дека во последните денови дојавите за бомби во училиштата доаѓаат од адреси во Иран и Русија.

-Интензивно се работи на откривање на сторителите. Неколку случаи беа разрешени. Сега имаме една изолирана група и се работи на случајот. Не станува збор за закани кои се случуваат само во нашата земја, туку со истото се соочуваат и земјите од регионот. Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето, вели Спасовски.

Тој додава дека во еден дел станува збор за алгоритам и тоа се оние напади кои стасуваат од надвор. Дојавите од Македонија главно се од малолетници, но за тоа нема сега да се споделуваат информации со јавноста.

Поврзани новости