Даночна инспекторка обвинета за барање поткуп од 1000 евра

by fokus

Даночна инспекторка, вработена во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, е обвинета дека бара поткуп од 1.000 евра. Во спротивно инспекторката се заканувала дека ќе состави записник со неправилности, поради што сопствениците на фирмата ќе треба да платат повисок износ.

Обвинението го поднесе Основното јавно обвинителство Кавадарци за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик.

„Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која вршела контрола во правното лице, побарала да и бидат дадени 1000 евра за да не сочини Записник од извршената контрола во кој ќе констатира неправилности во работењето на правното лице. Барајќи поткуп, обвинетата ги условувала оштетените дека доколку не и биде исплатена побараната сума, поради неправилностите кои ќе им бидат констатирани во записникот, правното лице и одговорното лице  ќе треба да платат парична казна од многу повисок  износ“, соопштија од Обвинителство.

Поврзани новости