1K
Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 78 заразени од корона вирусот. Но, во дневната статистика има и податок за починати четири лица кои ја изгубиле битката со вирусот.
-Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во болница, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт, информираат од Министерството за здравство.