558
Чешкиот министер за здравство Адам Војтех изјави денеска дека земјата нема да учествува во планот на СЗО за развој и дистрибуција на вакцина против корона вирус – Ковакс.
– Ние нема да се приклучиме на иницијативата на СЗО од неколку причини – правилата за нас се понеповолни отколку да сме дел од европска иницијатива. Ние ја поддржуваме иницијативата на Европската комисија, која преговара со произведувачите и тие преговори се многу напредни, рече Војтех.
Тој најави дека Чешка наскоро ќе учествува во договорот со производителот АстраЗенек.