Чадиковски: Ќе бидам претседател на сите новинари

by Fokus

-Останувам на постулатите кои ги кажав на почетокот дека нема компромиси во однос на слободата на говорот и професионализација на медиумите и новинарството во Македонија. Ќе бидам претседател на сите членови. За тоа ќе се залагаме во следните четири години за да можеме да кажеме дека сме постигнале повеќе од она што досега е постигнато, кажа Младен Чадиковски кој е избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

86 од вкупно присутни 175 членови на редовното изборно собрание гласаа за Чадиковски додека за новиот опонент Столе Наумов освои 77 гласа.

Поврзани новости