Освен во Куманово, неправилности биле регистрирани и во Центарот за јавно здравје во Велес каде што тројца од вработените се позитивни на КОВИД-19, а 9 се во самоизолација, информира на денешната прес конференција Ирина Сотирова Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
„Констатирано е дека сите брисеви се земени без епидемиолошка анкета. Евидентирањето се води како скрининг, или не запишуван резулатот е даван и на рака. Неправилности има и во неносење на заштитна опрема, вработените не ја носеле опремата, не држеле дистанца меѓу себе, имало ослободување од работа во време кога е забрането, не се почитувале протоколите за земање на брисеви“, изјави Бухова.
Таа нагласи дека исклучок е само за маркетот каде што 15 вработени се позитивни. Таму е направено се како што треба и маркетот продолжува со работа со другите вработени.