Бугарски интелектуалци го осудија Меморандумот за Македонија: Софија демонстрира застарени сфаќања

by Фокус

Вкупно 34 бугарски историчари, професори и научници кои работат и живеат во Бугарија или во странски земји, упатија јавно писмо со кое го осудуваат Меморандумот што официјална Софија го упати до членките на ЕУ, поставувајќи црвени линии и сериозни историски претензии за приклучувањето на Северна Македонија на ЕУ.

Во писмото што го објави mediapool.bg, потписниците бараат „принципиелна промена на парадигмата во историското мислење“ и велат оти не се согласуваат „Северна Македонија да се претставува само како земја што не се справува со сопственото минато“. Според нив и Софија демонстрира застарени сфаќања и изнесува неодбранливи и наивни тврдења за Северна Македонија.

„Не сфаќаме и како Европа може да ги разбере тезите на некои институционално влијателни бугарски научници што не го говорат јазикот на современата историографија, ниту на современите општествени и социјални науки. Заедно со тоа, меморандумот не ги одразува „принципите и вредностите на кои е изградена Европската Унија“ и во чија поткрепа наводно застанува меморандумот“, порачуваат истакнатите потписници на писмото.

Тие велат „идеолошкото наследство на комунистичка Југославија“ не е единствениот проблем, туку, како што додаваат, проблем е и владеењето на едно романтично и митолошко историографско мислење во самата Бугарија, што, според нив, веќе го изживеало своето.

Меѓу потписниците се:

Стефан Дечев, историчар, Југозападен универзитет, почесен професор на Софискиот универзитет.
Чавдар Маринов, историчар, Институт за философија и социологија при БАН
Александар Везенков, историчар
Марија Тодорова, историчар, Универзитет Илиноис Урбана-Шампејн, САД
Димитар Бечев, политолог, Институт за науки за човекот, Виена
Румен Даскалов, историчар, Нов бугарски универзитет
Светлана Иванова, историчар, Софиски универзитет
Николај Аретов, литературен историчар
Елица Станоева, историчар, Европски универзитет, Фиренца
Кирил Дрезов, политолог, универзитет Кијл, Велика Британија
Јулија Златкова, историчар, Институт за балканистика, БАН
Красимира Даскалова, историчар, Софиски универзитет
Теодора Драгостинова, историчар, Државен универзитет на Охајо, САД
Олга Арнаудова, лингвист, Универзитет на Отава, Канада
Кета Мирчева, историчар со слободна практика
Александар Ќосев, историчар на културата, Софиски универзитет
Албена Хранова, историчар на културата, Пловдивски универзитет
Десислава Лилова, историчар на културата, Софиски универзитет
Миладина Монова, социјален антрополог, Институт за философија и социологија при БАН
Ивајло Дичев, културен антрополог, Софиски универзитет
Красен Станчев, економист и философ, Софиски универзитет, Институт за пазарна економија
Василка Танкова, историчар
Николај Маринов, политолог, Хјустонски универзитет, САД
Илијана Крапова, лингвист, Венецијалнски универзитет, Италија
Дејан Ќуранов, политолог, Центар за либерални стратегии
Ружа Смилова, политолог, Софиски универзитетит
Михаил Иванов, советник на претседателот Жељу Желев за национални прашања
Надја Данова, историчар, Институт за балканистика
Дијана Мишкова, историчар, Центар за академски проучувања
Мариета Цанова, историчар, Државна агенција „Архиви“
Ана Крстева, политолог, Нов бугарски универзитет
Врбан Тодоров, историчар, Државна агенција „Архиви“
Румен Аврамов, економист и историчар, Центар за академски проучувања Евгенија Иванова, етнолог, Нов бугарски универзитет
Мирела Иванова, историчар, Оксфордски универзитет, Велика Британија

Поврзани новости