Филипче: Зголемувањето на бројот на заразени е поради непочитување на мерките

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека порастот на бројот на новозаболени случаи со Ковид-19 се должи на непочитувањето на мерките.

-Ние бевме свесни дека доаѓа период – есенски месеци кога ќе имаме пациенти кои можно е да го преоптоварат здравствениот систем. Уште тогаш предвидовме дека е потребна рестрикција, рестриктивни мерки и го најавивме на почетокот на месец септември. Ова е план што има и дополнителни мерки кои сметаме дека засега не треба да се воведуваат, но ја следиме ситуацијата. Имаме предвид дека доаѓаат и поладни денови, кога граѓаните треба да се штитат и од настинка, и од грип, кога воздухот ќе биде загаден. Сето тоа се работи кои може да го оптоварат здравствениот систем. Мора граѓаните да се свесни дека штитејќи го сопственото здравје им помагаат на здравствените работници и здравствениот систем – истакна Филипче.

Во однос на работата за угостителските објекти, Филипче информираше дека во периодот кога се попуштаа рестриктивните мерки имаше соработка со сите чинители во многу економски оператори кои тогаш не работеа и постепено се враќаа во функција.

– Мерките беа димензионирани така да секогаш разговаравме со чинителите, затоа што секоја струка има по некоја специфика. И тие епидемиолошки принципи на медицинската наука секако дека важат за сите, меѓутоа имајќи ги во предвид спецификите сакавме и нив да ги слушнеме, што е тоа што и тие сметаат дека ќе се соочуваат со проблеми за време на функционирањето. И така беше и со музичарите, јавните настани, организаторите на настани. Донесовме протоколи за работа на затворено, на отворен простор итн. Со што се соочивме, многу конкретно – во изминатиот период значајно зголемување на бројот на заразени во возрасната група на третата и четвртата декада – вели Филипче.

Тој посочува дека состојбата со капацитетите во болниците е стабилна и има доволен број на слободни болнички кревети.

Поврзани новости