Бројот на заразени од корона вирусот во светот надмина 20 милиони

by fokus

Бројот на луѓе што се заразиле од корона вирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата за статистика „Ворлдометерс“.

Од почетокот на епидемијата починале 733.995 луѓе, а речиси 13 милиони закрепнале. Во моментот активни се 6.391.539 случаи, а еден процент од вкупниот број пациенти се во критична состојба.

Најлоша е состојбата во САД, Бразил и во Индија, кои бележат повеќемилионски случаи на инфекција, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Поврзани новости