Божиновски ќе му поднесе контра-тужба на Рашковски зашто му го нарушил угледот

by fokus

Од 2010 година до 2017 година, професионално, чесно и посветено ја извршував функцијата генерален секретар на Владата на Република Македонија, притоа почитувајќи ги сите законски пропишани процедури и постапки, реагира денеска поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

-За секој вработен беше определено соодветно работно место и секој вработен ги извршуваше работните задачи било во Генералниот секретаријат, било во друга институција каде што вработениот беше упатен да извршува работни задачи.  Небулозно е Драги Рашковски да се заканува дека ќе ми поднесе некаква си кривична пријава затоа што сум исплаќал плати на овие лица, кога и тој самиот на истите тие лица им ја исплатил платата за месеците мај, јуни и јули. Целосно и енергично ги отфрлам обвинувањата од сегашниот генерален секретар на Владата и најавувам соодветна судска постапка за заштита на мојот углед и на угледот на сите вработени во Генералниот секретаријат, вели Божиновски.

Според него, сите вработени соодветно ги исполнувале сите права и обврски и користеле годишни одмори, боледувања, а редовно биле и оценувани.

Поврзани новости