Почна сослушувањето на патниците од автобусот кој се преврте кај Велес

by fokus

Во Основното јавно обвинителство во Велес денеска почна сослушувањето на патниците кои беа во автобусот кој се преврте на автопатот Велес – Скопје, враќајки се од Грција. Поради здравствнеата состојба, возачот на автобусот ќе биде сослушан подоцна.

Јавниот обвинител од ОЈО Велес Славица Николовска за агенцијата МИА изјави дека се сослушуваат некои од патниците.

-Со оглед на здраствената состојба на возачот на автобусот неговото сослушување ќе биде кога тој здраствено ќе закрепне, како и на дел од патниците кои се здобија со потешки телесни повреди. Од тие причини сослушувањето ќе трае подолго во зависност од нивната здраствена состојба. Во меѓувреме ќе се изврши и вештачење и анализи во врска со настанот по што ќе можеме да лоцираме кај кого е кривичната одговорност, изјави јавната обвинителка Темелковска.

Во сообраќајната несреќа беа повредени поголем дел од 27-те патници, а една жена како последица од тешките повреди почина на КАРИЛ во Скопје.

Поврзани новости