Претходната власт го злоупотребила разузнавањето за да шири пропаганда?

by fokus

Извештаите на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска беа разгледувани во матичната комисија во Собранието на затворена седница по барање на претседавачот со Комисијата, Трајко Вељановски. Според него документите содржат класифицирани информации.

Опозицијата во парламентот ги поддржа извештаите, додека владејачкото мнозинство беше воздржано. Пратениците од владејачката коалиција се сомневаат дека разузнавачите служби биле злупотребени за партиски цели на претходната власт.

-УБК односно одредени поединци ја злоупотребувале својата положба односно пристапот и поседувањето на оперативните податоци во реалциите со интернет портали, медиуми и претставници на тогаш владеачката ВМРО-ДПМНЕ за креирање на пропагандни активности и пропаганда што ја слушнавме изминатата 2016та година – изјави по седницата пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

На седницата станало збор и за обвинувањата од официјален Белград дека ги повлекува дипломатските претставници од Амбасадата поради разузнавачка офанзива од Македонија, како и за насилниот упад од 27-април во кој беа претепани пратеници.

Поврзани новости