Борбата со пандемијата е болдирано поглавје во мојата кариера, истакна Заев

by Fokus

Направивме сѐ за да ги намалиме ризиците и да се справиме со последиците од смртоносниот вирус. Здравствените работнции ја заслужуваат најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со КОВИД-19 вие сте хероите. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на церемонија на доделување признанија за здравствените работници од ковид-центрите.

– Во овие моменти на оддавање признание на здравствените работници кои се на првата линија на фронтот во борбата со пандемијата без преседан во нашата современа историја, ние никогаш нема да ги заборавиме починатите. Нашите блиски, нашите роднини, нашите пријатели и познаници, сите наши граѓани кои починаа од последиците од вирусот.

Слава им и вечен спомен на сите што во изминатите две години починаа од последици од КОВИД-19. Болна е таа загуба и како таква ќе остане засекогаш во мојата душа. Денес, кога ја затворам последната страница од моите два мандати како премиер, јавно ја изразувам мојата споделена тага и сочувство со најблиските на починатите и немам никаква илузија дека борбата со пандемијата ќе биде болдирано поглавје во мојата кариера како премиер, рече Заев.

Она што можам да го кажам од позицијата на соодветноста и сигурноста на мерките и чекорите што беа преземени на наспроти фаталната природа и непредвидливост на вирусот, посочи Заев, е дека направивме сѐ за да ги намалиме ризиците и да се справиме со последиците од смртоносниот вирус,

 

 

 

Поврзани новости