Богоев со бизнис идеја: Анти – Никола беџ за брза заработка!

by fokus 17:48
17:48

Пратеникот Стефан Богоев денес ги собра сите погледи, откако на собраниската говорница се појави со беџ, на кој што е прецртаниот лик на Никола Груевски.

Беџот, кој што Богоев гордо го носеше на својот ревер стана интернет сензација и веќе доби и име, а пратеникот добил десетици пораки, во кои што заинтересирани го прашуваат каде може да се купи Анти – Никола беџ.

- Advertisements -

,,Беџот го имам уште од 17 мај, од кампот на слободата. Од тогаш не го вадам, и си ветив дека ќе го носам на седница за демократска влада, кога и да биде.

Еве дојде и тој ден.

Не очекував дека беџот инстантно ќе стане популарен, за кратко време добив многу пораки и заинтересирани ме прашуваат каде да го купат истиот.

Колку што сум информиран, го нема во продажба, но ете идеја за добар бизнис и брза заработка, продажба на Анти – Никола беџови” – ни изјави пратеникот.

Идентични транспаренти, со прецртаниот лик на Груевски често можеа да се видат и за време на Шарената револуција.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости