Ѓорчев ја зазеде говорницата, па Џафери ја прекина седницата

by Фокус

Претседателот на парламентот, Талат Џафери, ја прекина сединицата за избор на влада и даде пауза од еден час, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, застана на собраниската говорница за да се обрати пред пратениците.

Џафери се обиде да го врати Ѓорчев назад во пратеничките клупи, бидејќи може да дојде на говорницата откако спикерот ќе му биде даден збор, но тој одби да го стори тоа, па сединицата беше прекината.

Претходно, спикерот побара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се организираат во пратеничка група, а тие му возвратија дека тоа е нивно право и побараа да не реагира без потреба, кога тие не ги злоупотребуваат деловничките можности.

Поврзани новости