Барање за донации за танцовата група со Даунов синдром

by Fokus

Танцoвата група сo Даунoв Синдрoм oд студиoтo Данцерс Унитед МК, пo три гoдишнo активнo тренирање имаат шанса да настапат на Светско првенство за Модерни танци во Грац, Австрија во периодот пд 19-23 октомври.

Поради големите средства кои се потребни за покривање на трошоците за првенството, тимот на Данцерс Унитед МК и овие танчери искрено Ве замолуваат за Ваша помош.

Бидете и Вие дел од остварувањето на нивниот сон да настапат танцувајќи на светска сцена!

Во склоп на Вашите можности, донациите можете да ги извршите на жиро сметката на Данцерс Унитед МК:

280 100105287256, Силк Роуд Банка со назнака:

Донации за Светско првенство во Грац, Австрија.

Поврзани новости