Иванов со ветување до Туск дека Македонија се стреми кон европските стандарди

by fokus 11:08
11:08

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, оствари средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Средбата се одржа во Њујорк.

Од Кабинетот на Иванов соопштија дека на средбата македонскиот претседател нагласил дека Македонија ќе го продолжи реформскиот процес, со цел достигнување на европските стандарди и критериуми и ќе продолжи да придонесува за регионалната соработка, во одржувањето на стабилноста и просперитетот на регионот на Југоисточна Европа.

Се разговарало и за состојбата со евроинтеграцијата на Македонија, како и за предизвиците што произлегуваат од мигрантската и бегалска криза, особено безбедносниот аспект.

Поврзани новости