Бајден е негативен на Ковид-19

by fokus

Џо Бајден е негативен на Ковид-19, објави агенцијата АФП на својот Твитер канал. Од агенцијата се повикуваат на изјавата на докторот на демократскиот претседателски кандидат.

Бајден и Даналд Трамп не се ракуваа ниту се приближуваа еден до друг во дебатата, а извор запознат со тоа за Си-Ен-Ен изјави дека точното растојание помеѓу подиумот на Трамп и Бајден на дебатата било 3,86 метри.

Наскоро, самиот Бајден се огласи на Твитер и рече дека тој и неговата сопруга се негативни.

“Среќен сум што ви известив дека Џил и јас добивме негативен тест за корона. Ви благодарам на сите што ни испратија пораки. Треба да се потсетиме: носете маски, држете се на растојание и мијте ги рацете”, порача Бајден.

Поврзани новости