Австрија прави големи стратешки резерви на заштитна опрема, што е распоредена на повеќе локации ширум земјата, со што се подготвува за вториот бран на корона вирусот.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц и министерката за одбрана Клаудија Танер изјавија дека проблемите со заштитната опрема, како што беше пролетва, е минато.
– Изминатите месеци покажаа колку нашето снабдување со медицинска заштитна опрема за време на криза може да биде нестабилно. Армијата сега складира на стратешки важни места доволен број заштитна опрема, истакна Танер.
Австрија сега има 2,6 милиони заштитни маски, 44,4 милиони медицински маски, 1,7 милиони ракавици за преглед, 430.000 заштитни одела, 37.000 заштитни наочари, 150.000 заштитни престилки и 9.000 маски за кислород. Најавено е дека следните денови треба да пристигнат уште 12,2 заштитни маски, 970.000 медицински маски, 300 респиратори и друга опрема.
Опремата е набавена преку Црвениот крст, а складирањето и обезбедувањето го презеде австриската армија.